Ова ќе биде совршен викенд за овие три хороскопски знаци

Започнува викенд, а три хороскопски знаци ќе уживаат во овој последен мајски викенд. Совршен викенд за:

Девица

На Девиците ќе им оди одлично во љубовта викендов! Венера е на нивна страна и ќе им пружи возбудливи моменти. Можно е да им се врати стара љубов во животот и да го забрза чукањето на нивното срце. Или можеби има уште нешто нејасно во вашиот однос со спротивниот пол? Сега е вистинско време да ги расчистите работите што долго време ви лежат на срце и да добиете јасна слика за вашите врски.

Бик

И Бикот можеби ќе налета на својата стара љубов, а последиците ќе бидат драматични – тоа може да му го преврти целиот живот наопаку. Пеперутките во стомакот ќе му заиграат, а со оглед на тоа што на Биковите најважна им е блискоста и приврзаноста, токму тоа и ќе го добијат од партнерот.

Скорпија

Венера ќе се погрижи за љубовниот живот на Скорпиите и тие ќе имаат средба што долго ќе ја паметат, а оние што се сингл овој викенд можеби ќе ја запознаат љубовта на својот живот. Можно е да се работи за сериозна врска, затоа добро отворете ги очите.


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.