Ова е листата на најмоќните пасоши во светот

Најмоќните пасоши во овој момент се јапонските чии сопственици може да патуваат во 191 земја.

После јапонскиот, најсилен е сингапурскиот со кој се патува во 190 дестинации, па јужнокорејскиот и германскиот со кои може да посетите без виза 189 земји.

На 4. место се Италија, Финска, Шпанија и Луксембург со 188 дестинации за патување без ограничување, а на петто место се данскиот и австрискиот пасош – 187 земји.

Шести се шведскиот, францускиот, португалскиот, холандскиот и ирскиот пасош со 186 земји во кои имате можност да патувате без виза, а потоа седмото место го делат швајцарскиот, американскиот, британскиот, норвешкиот и белгискиот со чии пасоши може да патувате во 185 земји.

На осмо место се грчкиот, новзеландскиот, малтешкиот и чешкиот пасо со 1894 земји, на девето место се канадскиот и австралискиот – 183 земји, а на 10. место е унгарскиот пасош со кој без виза може да одите во 181 земја во светот.

Што се однесува до пасошите од земјите во регионот, Хрватска е на 19 место, а босанскиот е на 52 место според индексот на компанијата Henley & Partners за оваа година. Со хрватскиот пасош без виза може да се патува во 170 земји, а со пасош на Босна и Херцеговина во 117 земји. Со пасош од Србија може да се патува во 134 земји.


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.