Времето ќе биде променливо облачно, претпладне во западните и северните делови ќе има услови за локален дожд. Ќе дува умерен северозападен ветер вдолж Повардарието.
Утринската температура ќе се движи од -1 до 5 степени, а дневната од 5 до 15 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно со умерен ветер од северозападен правец.
Утринската температура ќе биде 1 степен, а дневната ќе достигне до 10 степени.
Од утре времето ќе биде суво и посончево. Под влијание на влажен бран во петок се очекуваат пообилни врнежи од дожд, а на планините од снег. Во сабота ќе дува умерен до засилен северен ветер.