Нов температурен шок: Следува вистинска есен во Македонија

images-of-autumn-3

Времето утре во Македонија ќе биде променливо облачно, во западните делови со слаб локален дожд, а во останатите делови сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.

Утринската температура ќе се движи од седум до 14, а дневната од 18 до 24 степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 11, а дневната ќе се искачи до 22 степена.

Од четврток ќе преовладува сончево време со умерена облачност и со свежи, во повисоките места и студени утра. И натаму ќе дува умерен северен ветер.


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.