Нов оглас за средства од ИПАРД

zemjodelci500

 

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој утре ќе го објави годинашниот втор јавен повик за доставување барања за користење финансиски средства од ИПАРД програмата, пренесе МИА.

Огласот ќе трае до 15 септември годинава.

Финансиските средства се наменети за мерката 101 – инвестиции на земјоделските стопанства со цел нивно преструктуирање и надградба за достигнување на европските стандарди, за мерката 103 – инвестиции за преработка и маркетинг на земјоделските и рибните производи со нивно преструктуирање и надградба, како и за мерката 302 – диверзификација и развој на руралните економски активности.

Потребната документација за подготовка и поднесување барања, вклучително и упатствата за корисниците на средства од ИПАРД Програмата 2007-2013 може да се преземат од веб-страницата на Агенцијата www.ipardpa.gov.mk или www.pa.gov.mk, како и лично во приемницата на Агенцијата или нејзините работни единици од 8:30 до 16:30 часот.

Во Агенцијата за поттикнување на развој во земјоделството заинтересираните земјоделски производители можат да добијат и информации за изготвување и доставување барања, како и практични совети за аплицирање.





Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.