Нов директор во ЈП за ПУП Прилеп – Јовески заминува, на негово место доаѓа искусен архитект

Бранко Нешкоски е нов директор на Јавното претпријатие за просторно и урбанистичко планирање во Прилеп.

Нешкоски кој претходно ја извршуваше и функцијата раководител на Секторот за урбанизам во општина Прилеп, директорското место во ова јавно претпријатие ќе го преземе од Зоран Јовески, кој со ЈП за ПУП раководеше во изминатите две години.

За Нешкоски ова нема да биде нова средина, затоа што повеќе години успешно раководеше со ова јавно претпријатие додека со локалната самоуправа управуваше Марјан Ристески како градоначалник.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.