Нови цени на горивата од утре

Утре напладне, Регулаторната комисија за енергетика ќе ги соопшти новите цени на горивата кои ќе важат од полноќ.

Минатата недела горивата поскапеа за половина денар.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемија за 0,50 денар/литар,

ЕУРОСУПЕР БС-95 се продава за 61,00 ден/лит, на ЕУРОСУПЕР БС-98 се продава за 63,00 ден/лит, цената на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (ДЕ V) изнесува 52,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), изнесува 52,00 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголеми за 0,428 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 22.06.2020 година и со тоа малопродажната цена на мазутот М-1 НС изнесува 25,824 ден/кг.

Останува да видиме дали и утре ќе има ново поскапување на цените.


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.