Нови цени на горивата во Македонија – Ќе има ли поскапување утре

Оваа недела дизелот и екстра лесното масло за домаќинство поскапеа за половина денар по литар, додека бензините се продаваат по истите цени како и досега.

Малопродажната цена на еуродизел изнесува 60,50 денари за литар, додека екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се продава по цена од 50,50 денари за литар.

Малопродажните цени на бензините еуросупер 95 и еуросупер 98 не се сменија, односно се продаваат по 66,50 денари, односно 68,50 денари за литар.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,711 ден по килограм во однос на цената утврдена со Одлуката од 12.08.2019 година и со тоа таа ќе изнесува 31,650 ден за килограм.

Утре не очекува нова цена.


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.