Новата американска амбасадорка во прва официјална посета на Битола

Градоначалникот на Битола Тони Коњановски и секретарот на општината Борче Димитровски денеска имаа средба со Никол Варнс вршителка на должноста амбасадорка во Амбасадата на САД во Македонија, која е во прва официјална посета на Општина Битола.

На средбата беа констатирани добрите пријателски односи на Македонија со стратешкиот партнер САД.

Коњановски и Димитровски во срдечен разговор со неа разменија мислења за актуелните состојби во земјава, ја запознаа со Битола градот на културата, традицијата, историјата, истакнувајќи ги можностите за продлабочување на соработката на сите полиња.

Градоначалникот Коњановски и подари пригоден подарок во знак на пријателството меѓу двете земји и двата народи, спомен кој ќе ја потсетува на нејзината прва официјална посета на Општина Битола.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.