НИ ФАЛАТ ПОВЕЌЕ ВАКВИ ЛУЃЕ! Прилепчанки донираат бесплатно шминкање и 5 фустани за матурантки од социјален ризик

Се ближат матурските прослави за кои сите знаеме колку многу пари чинат и какви главоболки им создаваат на родителите, особено на оние кои сакаат, а не можат да направат се да изгледа совршено за нивното дете.

Две сестри од Прилеп водени од таа идеја решија да подарат бесплатно шминкање и фустани за 5 матурантки кои спаѓаат во една од следните категории: деца социјално загрозени семејства, деца без родителска грижа, семејства со мали приходи, со пречки во развојот, со хендикеп, деца на самохрани родители.

Нивната цел како што велат е и тие да имаат незаборавен и убав спомен од таа магична ноќ.

Се работи за Дениза и Мартина Миткоски кои својата идеја ја објавија и на социјалните мрежи.

Дениза и Мартина додаваат дека гарантираат за анонимноста на девојките кои ќе бидат избрани и повикаа кон нивната идеја да се приклучат и други бутици и салони.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.