Николоски: Безбедностите служби нелегално се занимаваат со ВМРО-ДПМНЕ, не следат и прислушуваат

Според мое мислење Управата за безбедност и контраразузнавање поранешна или сега АНБ е сега погребално претпријатие на сите македонски влади до сега. Нема македонска влада која не паднала директно или индеректно заради непринципиелен брак со тајните служби или поради злоупотреба на тајните служби. Всушност оваа влада дојде на власт затоа што масовно беше злопупотребувана УБК затоа што се вршеше масовно прислушување. Тоа е единствената причина зошто падна владата на Груевски, затоа што се злопупотреби системот. Тоа излезе во јавност се создаде политичка криза граѓаните изреагираа како што изреагираа и Заев дојде на власт, рече потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски на вечерашното гостување на емисијата Заспиј ако можеш што се емитува на телевизија Алфа.

Тој укажа дека оваа влада на СДСМ и ДУИ имаше историска шанса да расчисти со тоа да направи вистинска реформа во безбедносните служби и еднаш засекогаш безбедносните служби да си ја работат својата работа, а тоа е заштита на уставно-правниот поредок на Македонија, а тие кои ја водат владата да си го работат својот дел.

„Но, очигледно многу брзо се опија од моќта на тајните слуби и почнаа повторно да ги злоупотребуваат затоа што моето прислушување на претседателот Мицкоски, физичкото следење мое, неговото, на партијата, на останати членови е спротивно на законот. Поради траумата од масовното прислушување пак се случи тоа да се прави реформа на безбедносните служби па така се почна од имињата или дека УБК мора да се реформира почнувајќи од промена на името стана АНБ и требаше физички да се тргне од МВР што не е реализирано. Се создаде и ОТА, Опеартивна технича агенција која треба да е гарант дека нема да има такви нелегални случаи на прислушување“, рече Николоски укажувајќи дека сето тоа е законски добро издизајнирано и дека ВМРО-ДПМНЕ даде поддршка на тоа.

Но, додаде тој, ако ја видите имплементацијата ќе видите дека надлежните, власта не го почитуваат законот кој сами го гласале.

„На пример Агенцијата за разузнавање која работи надвор, или треба да следи дали некој работи против интересите на Македонија за да може да достави информации и државниот врв да креира политика. На пример, треба да даде информација дека еден тајкун од Бугарија сака да отвора и финансира клубови кои ќе прават раздор во Македонија со имиња на профашистички фигури, а таа работи внатре во државата и дава информации и се занимава со опозицијата. Дава информации за нас во странските амбасади“, рече Николоски.

Паралелно со Агенцијата за разузнавање и Агенцијата за национална безбедност не си ја врши работата, посочи Николоски.

„Оваа институција која треба да се занимава со ситуацијата внатре и да ги спречува другите странските служби кои работат внатре, и таа се занимава со опозицијата. Па така тие праќаат провокатори кои би требало да доаѓаат на состаноци на општински комитети и случајно ви се појавува некој кој случајно е најгласен, а во суштина исто прашуваат или се некреативни“, кажа Николоски.

Со вакви глупости, рече Николоски, се занимаваат безбедносните служби и затоа Македонија е вакво решето, кој сака и што сака прави.

„Како бавча ги работат странските служби и истите никој не ги контролира“, заклучи Николоски.





Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.