“Не сум виновна нели мамо” – Весна Петрушевска во тага, нејзината ќеркичка преживеа пекол

policija-3

Мојата Мина е најхраброто дете на овој свет, последниве пет дена ми покажа како се соопштува вистината, како да се соочи со најголемото зло што може да му се случи на едно дете, да ги издржи сите предизвици,да ми откине парче од моето срце полно со очај, чемер, бес, лудило и на крај да ми соопшти:Јас ова го кажав за да не им се случува на другите дечиња ,не сум виновна нели мамо?…

untitledytj56u6h56u56u56u56u56u56

Овој потресен статус на социјалната мрежа Фејсбук го сподели актерката Весна Петрушевска, со што јавно раскажа за храброста на нејзината ќеркичка по траумите кои ги доживеала. Според коментарите на статусот на актерката, нејзината ќеркичка е детето кое беше нападнато од маж во саботата кај Млечниот ресторан во Капиштец.

Полицијата информираше дека му е одреден притвор на монструмот кој ја потресе македонската јавност. Според податоците, додека 11-годишното девојче возело велосипед по булевар „Митрополит Теодосиј Гологанов“ и улица „Анкарска“, застанало до едно непознато машко лице, кое се движело пеш, на возраст од околу 40 години, и му побарало 20 денари. Сторителот ѝ рекол дека ќе ѝ даде, но дека треба да појде со него до блиската гаража, на што таа се согласила. Наместо 20 сторителот и дал 500 денари и ја однел во гаражата каде го извршил половиот напад, по што заминал и и рекол да не кажува никому.

Утрински пишува дека изминатиот викенд, кога се случил грозоморниот настан, девојчето било на гости кај Млечниот ресторан во Капиштец. Притворениот педофил живеел во најблиското соседство и добро го познавал девојчето.

– „Дајте им го сето време на овој свет, оти кога ќе помислам што се случувало кога се соочила со монструм, ми оди да ги срушам сите планини на овој свет, да ја гушнам и никогаш да не ја пуштам. Моето дете е херој и секогаш верувајте на нивната љубов и искреност. Моето дете кое ги сака сите луѓе и им верува бескрајно“, напиша Весна во емотивниот статус со кој си ја отвори душата.

Весна не сакала да го коментира настанот телефонски за екипата на Утрински.

Навистина ужасно.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.