Не мора да си од Скопје за да си успешен и број еден: “Витаминка” руши рекорди – еве колкав приход има за минатата година

Двете најсилни и наголеми домашни кондиторски компании лани имаат приходи од речиси 70 милиони евра. И двете ги краси епитетот создавачи на брендови, големи извозници и семејно контролирани или целосно поседувани фирми. Заедничко им е тоа што докажаа дека во Македонија не мора да си од Скопје за да правиш голем бизнис, бидејќи „Витаминка“ е од Прилеп, а „Макпрогрес“ од Виница, на македонскиот исток – пишува порталот <a href=”https://faktor.mk/kolku-vrtat-i-kako-pechalat-dzinovite-od-nashata-shekjerna-prikazna”><strong>”ФАКТОР”.</strong></a>

Двете најголеми домашни компании со претежно кондиторска дејност лани оствариле вкупни приходи од приближно 70 милиони евра, што е резултат за почит. И двете компании бележат зголемување на пазарното учество. Значајно е тоа што и двете компании имаат значајна извозна компонента и тоа добро за македонската трговска размена.

И двете имаат свои изозни пазари на кои се профилирани солидно, едната повеќе на западните пазари, а другата значајно присутна и на пазарите за земјите од Блискиот Исток. И многу интересно и за наши услови просто неверојатно ниту една од двете компании не се од Скопје.

„Витаминка“ е најголемата кондиторска индустрија и лани има приход од 38,35 милиони евра. Заштитен знак на „Витаминка“ е „Стоби Флипс“ производ што веќе пет децении е радост на најмладите во земјава и многу е популарен и во странство. „Витаминка“ освен палетата на кондиторски производи неодамна го оживеа брендот „Брилијант“ масло за јадење од Штип купувајќу ја опремата и производниот капацитет. Лани „Витаминка“ и покрај солидниот раст на приходите има пад на добивката и таа изнесува 470.000 евра и е за 17 отсто пониска од претходната 2017 година.

„Витаминка“ е голем индустриски генератор за Прилеп и е компанија во целосна сопственост на домашни акционери. Најголем поединечен акционер е Симон Наумоски долгогодишен директор на компанијата и „најголем виновник“ за тоа што сега „Витаминка“ е реномиран меѓународен производител.

Тој поседува 29,5 отсто од акциите со право на глас, а неговиот син Сашо Наумоски кој оперативно го превзеде управувањето со компанијата поседува 7 отсто од акциите. Во семејството Наумоски има уште 5,2 отсто од капиталот кои ги поседува Марика Наумоска. Покрупни акционери се и Кирил Божиновски и Стефан Игнатоски со по 6 отсто акции, а Наташа Стојковска има 5 отсто од акциите со право на глас. Оваа компанија има вкупно 215 акционери домашни физички лица кои поседуваат 90 отсто од акциите со право на глас.

Виничката семејна фирма„Макпрогрес“ е втората најголема кондиторска индустрија во земјава. Нејзиниот приход лани надмина 30 милиони евра. Ова е семејна компанија основана во 1990 година од Александар Цветанов. Компанијата која со своите производи е присутна на 55 пазари ширум светот лани оствари добивка во износ од 1,64 милиони евра.

„Макпрогрес“ има развиено неколку брендови од кои најстар и напознат е кондиторскиот бренд „Винчини“. На палетата на „Макпрогрес“ се уште и брендовите „Сончева долина“ – пакувани зрнести производи, „Армониа“ грицки и переци, „Натура“ бренд за здрава храна и „Дониа“ производен капацитет лоциран во Прилеп и специјализиран за производство на локум, алва и колачиња.

Р.Ф.


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.