Несторовски донира 2.000 евра за потребите на болницата во Прилеп

Македонскиот фудбалски репрезентативец Илија Нестороски,кој настапува за италијанскиот калчолигаш Удинезе, ќе донира 2.000 евра за Општа болница„ Борка Талески“ Прилеп.

Нестороски е неколку кратен спортист на Прилеп и последниве години најдобар представник на прилепскиот спорт во меѓународни рамки кој неколку години настапува во Италија.

Поради пандемијата на Ковид 19 вирусот, Нестороски е сам во Удине каде неодамна го прослави 30тиот роденден а сопругата и децата се во неговиот роден град Прилеп.

Во овие тешки и неизвесни моменти за нашиот град и држава тој испрати кратка порака:

„Како и сите и јас во овие денови сум загрижен. Но, сигурен сум дека сите заедно сме посилни и ќе победиме во оваа битка. Моето семејство е далеку, ми недостасуваат сопругата и децата. Се надевам дека наскоро ќе се вратам и ќе бидеме заедно. Ве молам да останете дома и да се придржувате на препораките на здравствените власти за доброто на сите. Ако го сториме тоа, можеме да спасиме многу луѓе“

“Голема благодарност за Нестороски изразува Раководството на болницата, за финансиската помош која болницата ќе ја искористи за потребите на нашите вработени, за набавка на заштитна опрема – заштитни маски, скафандери, дезинфекциони средства и останата потребна опрема, која иако во моментов ја имаме, не се знае за колку време ќе е потребно да бидеме обезбедени со потребна залиха.

Нашата болница ги следи будно и ги спроведува препораките на Министерството за здравство.Подршка за персоналот од инфективно одделение за посветеноста на оваа важна задача во интерес на јавното здравје на населението од нашата општина и пошироко. Подршка за ургентните доктори од нашата болница и огромна благодарност до одговорните и вработените од Центарот за јавно здравје од нашиот град за се што прават во насока на превенција и детектирање на заболените”, напишаа од општата болница “Борка Талески” од Прилеп.


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.