Несекојдневен настан вечерва во Прилеп: Жена се породила под мост, пожарникарите и лекарите се погрижиле настанот да има среќен крај (Фото)

Несекојдневен настан се случил вечерва во Прилеп

Екипи на противожарната бригада и брзата помош интервенирале кај мостот на улица “Димо Наредникот”.

Имено како што неофицијално дознаваме од очевидци, жена се породила под мостот, а пожарникарите и лекарите најпрво го извлекле бебето, а потоа и жената, па настанот завршил со среќен крај.

Не се познати причините како и зошто дошло до овој настан и поради што неименуваното женско лице се одлучило на ваков чекор.





Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.