“Немој да ги предадеш тие што те гласале, бидејќи ако го сториш тоа си ја предал МАКЕДОНИЈА!”

-Прво и единствено барање, што сами сме си го поствиле пред себе, ама не во 2014та, туку секогаш: “Немој да ги предадеш тие што те гласале, бидејќи ако го сториш тоа си ја предал МАКЕДОНИЈА!” Да живее организацијата!, напиша на Фејсбук пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Димитар Стевананџија.

-Да прифатиш партиска понуда за пратеничка кандидатура значи, пред се’, да ја почитуваш изборната програма, врз основа на која гласачите би ти ја дале довербата и честа да бидеш народен пратеник. Но најбитно, а во однос на националните прашања, е да ја почитуваш волјата на народот, изразена на законски организиран референдум. Секој пратеник за себе, но гласачите најдобро знаат кој ја оправдал нивната доверба, а кој ја продал нивната волја за грст сребреници, напиша на Фејсбук, Дафина Стојаноска од ВМРО-ДПМНЕ.


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.