Нека е вечна cлавата на бopците за cлобода и дpжавнocт! Честит Илинден Македониjo!

Илинден е денот кога го празнуваме непокорот и ја славиме победата, но истовремено им оддаваме и почит на сите оние кои без разлика на нивната вера, припадност и убедување го дадоа животот за слободна и независна Република Македонија.

Денес со гордост се сеќаваме на делата на Илинденците од двете славни епопеи од 1903 и од 1944 година. Нашиот народ на ден Илинден, 1903-та година го запали огнот во срцата на сите оние кои мечтаеа за слободна држава и преку пожртвуваност, храброст и љубов кон Македонија, тргнаа во беспоштедна борба за вечниот стремеж за конечно ослободување, се вели во честитката од соопштение.

Огнот не престана да гори и во време на Народно ослободителната и антифашистичка борба, така што на 2-ри август 1944 година се оствари вековниот сон за сопствена државност на Првото заседание на АСНОМ во манастирот Прохор Пчински.

Борбата на еден народ е процес, тоа е континуитет, тоа е чувство што треба да го има секој од нас. Илинден е денот кога си припомнуваме за сите оние кои ги дадоа своите животи за слободата.

Си спомнуваме на Гоце, на Даме, на Питу на Сандански и го превземаме нивниот завет. Тие ни оставија аманет како треба да се сака, да се гради и да се чува нашата татковина.

Нивниот пример е обврска за секоја идна генерација бесусловно да ја води својата борба, борба за напредна и поуспешна Македонија.

Нивниот сон за слободна и независна Македонија денес е реалност, а наша должност е тој нивен сон да продолжи. Нека е честит и вековит Илинден! Нека е вечно делото на двата Илиндени 1903 и 1944 година! Нека е вечна славата на борците за слобода и државност! Нека е вечна нашата таковина Македонија


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.