На Ножот грмеа Македонците: Одбележани 112 години од најепохалната битка после Илинденското вocтание (ВИДЕО)

Патриотски здруженија од неколку градови ширум државата, како и група граѓани утрово се искачија на планинскиот врв Ножот, во близина на прилепските села Ракле и Никодин.

Целта беше одбележување на 112-годишницата од најепохалната битка после Илинденското востане која се одиграла на врвот Ножот.

Со развиорени знамиња и песна присутните им оддадоа почит на вкупно 67 загинати во битката, од кои 45 на самиот врв.

Групата потоа се собра на заеднички ручек во манастирот “Раѓање на Пресвета Богородица”, каде повторно запеаа:

ВЕЧНА СЛАВА НА ХЕРОИТЕ!


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.