На велосипед ќе возат цели 800 километри: Филип и Христијан од Прилеп тргнуваат во неверојатна авантура (ФОТО)

Прилепчаните Филип Илиоски и Христијан Мојсоски, тргнуваат во неверојатна авантура со велосипеди. Нивната крајна дестинација е турската метропола Истанбул.

Својот подвиг двајцата другари од Здружението “Maркови точакџии”, ќе го започнат најдоцна во понеделник, во зависност од временските услови.

Филип и Христијан тргнуваат од Прилеп, па преку Серес и Кавала, до Ипсала и Текирдаг. Крајната дестинација е Босфорот во Истанбул.

Вкупната должина на оваа тура изнесува околу 800 километри, а попатно нашите ентузијасти ќе кампуваат во шатори.

Минатата година, Филип беше дел од групата на четворица велосипедисти, кои од Прилеп возеа до Солун, Калитеа, Воден. Тогаш тие извозија 645 километри за вкупно 42 часа.

Повеќе за таа тура погледнете ТУКА


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.