Најнова анкета на МЦМС: Еве како стојат политичките сили во Македонија

Водство на ВМРО-ДПМНЕ пред СДСМ покажува најновата анкета на Македонски центар за меѓународна соработка (МЦМС) и ова е пресврт кога станува збор јавното мислење на граѓаните кое го испитува оваа агенција.

ВМРО-ДПМНЕ има предност од речиси 1 процент откако на претходната анкета која беше спроведена во декември од МЦМС, две најголеми македонски партии беа скоро изедначени со блага предност на СДСМ.

Најновата анкета покажува дека 22,4% од македонските граѓани и даваат доверба на ВМРО-ДПМНЕ и даваат поддршка на партијата на прашањето „За која партија ќе гласате на локалните избори 2021“, додека за СДСМ се изјасниле 21,6%. За ДУИ се изјасниле 8%, за Алијанса 6,2% од граѓаните додека за Левица 5,2% од македонските граѓани.

Покрај предноста која ја даваат граѓаните на ВМРО-ДПМНЕ, претходно граѓаните се изјаснија дека потребни се предвремени парламентарни избори за излез од кризата, бидејќи оваа држава постои нестабилно владејачко мнозинство.

Високи 75,5% од вкупниот број на испитаници се согласиле дека во Македонија има политичка криза и власта нема стабилно политичко мнозинство, наспроти ниски 23,3% кои не се согласиле.

Затоа и не е изненадувачки одговорот за тоа кој е најдобриот начин да се надмине кризата, на кое 36% од граѓаните побарале предвремени парламентарни избори заедно со локалните како излез од кризата, наспроти 26,5% кои мислат дека владата може да се справи и 15,7% кои побарале широка коалиција.

Резултатите од анкетата, ја отсликуваат реалноста во земјата откако власта потфрли на сите полиња, а особено во справување со економската и здравствената криза. Власта не успеа да ги заштити граѓаните, Македонија се наоѓа во врвот на црните светски корона статистики, а со набавката на вакцини не само што се доцни туку видовме дека граѓаните беа излажани и изманипулирани за набавката на Фајзер и кинеските вакцини.

Воедно граѓаните го препознаа насилното туркање на пописот од страна на власта среде трет бран на пандемијата, како погрешната методологија која не само што не е по меѓународните препораки, туку и граѓаните не се согласуваа со таквиот начин на попишување. Ставот кој го имаа граѓаните е еднаков на ставот кој го има и ВМРО-ДПМНЕ, и не случајна е довербата која им ја даваат.

Меѓудругото на резултатот влијаат и бројните афери на власта, но и неможноста на владејачкото мнозинство цела во 2021 година да одрежи собраниска седница.








Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.