Нас ни е таман: Штрајк на вработените во „Кока-Кола“ во Германија, бараат плати повисоки за 400 евра

Стотици вработени во компанијата газирани пијалаци „Кока-Кола“ во северозападните германски градови Дортмунд и Линебург денеска стапија во штрајк барајќи зголемување на месечната плата за 400 евра, како и повисока почетна плата за нововработените лица.

Слични штрајкови неодамна имаше и во други делови од државата. Во декември, американската корпорација им понуди на германски работници зголемување на платите за 100 евра и еднократен бонус од 1.000 евра за да го неутрализира влијанието на високата инфлација.

Преговарачот на германскиот Синдикат на работници за храна, пијалаци и угостителство (НГГ), Фреди Ајан тогаш го опиша предлогот како „шлаканица во лице“. Според него, важно е платите да се зголемуваат согласно инфлацијата.

Се очекува преговорите да продолжат на 8 февруари.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.