-ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против В.Л.(34) од с.Воѓани, општина Кривогаштани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“ и „напад на службено лице при вршење работи од безбедноста“. На 05.04.2026 во спортска обложувалница, пријавениот физички го нападнал Т.П. од с.Воѓани, а подоцна физички нападнал еден од полициските службеници кои преземале мерки во врска со настанот, односно за негово приведување, информираат од МВР.

























