Надојдената Крушевска Река го наполни Пелагониско поле (Фото галерија/Видео)

Наши читатели од населеното место Крушеани, општина Кривогаштани, информираат дека поплавени се големи површини обработливо земјиште во атарот на ова село.

Поплавата настанала со слегување на водата од Крушевска Река, а причините жителите ги лоцираат во неисчистеното речно корито, кое последно било исчистено во 2010 година, како и дивопоставени мостови кај Воѓани.

Водата надошла во текот на вчерашниот ден кога имаше и поинтензивни врнежи од дожд.

На фотографиите и видеото може да се види дека се работи за огромна површина која се наоѓа под вода.





Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.