Mycaката сите ја пpaват со мeco, но овој peцепт е можеби и подобap: 3aменете го мecoто со оваа cocтојка, а вкycoт е загарантиpaн

Мусаката на многумина им е едно од омилените јадења поради неодоливиот спој на месо и компир, но и поради тоа што брзо се приготвува. Сепак, постои уште една вкусна варијанта на овој рецепт, а замена за месото се печурките.

Состојки:

1кг. компири, 500гр. шампињони, 1 главица кромид, 1 морков, мешавина од суви зачини, бибер, сол, 3 јајца, 200мл. млеко и масло.

Подготовка:

Пропржете го кромидот и морковот, додадете ги шампињоните и зачините и пак пропржете.

Во огноотпорен сад изрендајте го компирот на танки кругови, па ставајте ред фил, ред комири.

Печете 10 минути на 200 степени па извадете го садот и јадењето прелијте го со јајцата и млекото, потоа печете уште 30 минути.

УЖИВАЈТЕ!


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.