ООМУ “Ордан Михајлоски Оцка” – Прилеп, е добитник на грант во висина од 13700 евра преку Western Balkans Fund.
Доделени се 36 грантови од пристигнати 340 апликации од цел Западен Балкан. Училиштето за прв пат од неговото оформување влегува во нова димензија на соработка со музички училишта од другите држави, како што се музичкото училиште на Источно Сарајево од Босна и Херцеговина и музичкото училиште “Даворин Јенко” од Белград Р. Србија.
Грантот од Western Balkans Fund е уште еден доказ за успешното менаџирање со училиштето. Ова секако претставува ветер во грб и мотивација за останатите училишта во градот и државата.