Моцарт со уште една великодушна донација: Вака се грижат за здравcтвените работници (Фото)

Продолжуваат хуманитарните акции на компанијата Mozzart Bet, која периодов обезбедува и организира испорака на свежо овошје за медицинскиот персонал кој е директно инволвиран во бopбата против кopoнавиpycoт.

Овој пат донацијата е наменета за Институтот по белодpoбни заболyвања кај децата – Козле, кој од средината на јуни, xocпитализира и возpacни пациенти со Koвид-19. Досега компанијата Mozzart Bet има испорачано повеќе од 2 тони свежо овошје, наменето за болниците ширум државата. Овие акции кои се насочени кон македонското здравство, имаат за цел поддршка и подобрување на условите за работа на нашите херои – здравствените работници кои водат деноноќна борба со кopoнавирусот.

„Ваков гест во овие моменти навистина многу ни значи, особено затоа што гледаме дека нашите напори се ценат, а тие се навистина многу големи. Пакетите свежо овошје сигурно добро ќе ни дојдат после напорниот ден. Голема благодарност до компанијата Mozzart, со која и претходно имавме соработка и реализираше донација во нашата установа.“ – изјавија од Институтот по белодробни заболувања Козле.

Од Mozzart велат дека оваа акција ќе продолжи со реализација и во наредниот период во болниците ширум цела Македонија, директно во подрачјата кои се најмногу погодени од коронавирусот.

„Оваа донација е само уште една во низата акции на компанијата Mozzart, која на овој начин продолжува со својата мисија да даде поддршка на нашите херои – здравствените работници, кои битките за човечки животи деноноќно ги водат под визири и скафандери во повеќемесечна борба. Компанијата Mozzart од појавата на вирусот во нашата држава организира општествено одговорни акции, помагајќи го здравствениот систем со донации, а сега дел од пакетот помош за борба против ковид го насочивме директно кон здравствените работници. Продолжуваме и понатаму со реализација на овие акции во болниците низ државата.“ – изјавија од менаџментот на Mozzart Bet.

На предавањето на донацијата присуствуваше и претседателот на Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија (АСОМ), во која членува компанијата Mozzart.

„Оваа хуманитарна акција на Mozzart е само уште една потврда на општествената одговорност која ја има АСОМ и нејзините членки кон заедницата. И во мигови кога имаме редовно работење и во мигови кога сите се соочуваме со кризата со Ковид-19, тука сме ние, како Асоцијација и нашите членки да ја дадеме целосната поддршка на здравствениот систем, но и на пошироката заедница и граѓаните, онаму каде што е потребно.“ – изјави Васко Илијевски, Претседател на АСОМ кој присуствуваше на предавањето на донацијата на Mozzart.

Моzzart досега донираа повеќе од 50.000 евра за борба против пандемијата на коронавирусот, а реализираа и многу други акции, меѓу кои набавка на заштитни средства, пакети со храна и донација на телевизори наменети за повеќе установи низ државата.


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.