Моника Талеска: „Телма“ веќе нема кредибилитет, со оваа одлука се погребува македонското новинарство

Не стивнуваат реакциите во јавноста откако телевизија Телма денеска одлучи 12 искусни новинари да прогласи за технолошки вишок и да ги остави без работа. Долгогодишната новинарка Моника Талеска, преку статус на својот ФБ профил ја искажа разочараноста од ваквата одлука, со која вели дека се погребува македонското новинарство.

received_10208175950787961

-Не можам да бидам мирна по оваа одлука за колегите од Телма, каде се сите македонски медиуми, денеска треба да `вришти` македонската демократска јавност од гнев, незадоволство и бес, македонската новинарска фела која се бори за враќање на објективното новинарство на сцена!!! Сите новинари, (не ме интересираат интерперсоналните релации, тие се за кафе дружби) и ССНМ и ЗНМ и граѓански асоцијации и партии сите, со оваа одлука се погребува македонското новинарство! Вакви ли се реформите? Нема кредибилитет тој медиум натаму да известува за каква и да е точна од Пржинскиот договор, за какви и да е реформи?!!! Срамна одлука, 12 професионалци во еден ден, без око да ти трепне!!!, напиша Моника Талеска.

Меѓу избрканите новинари се и докажани новинарски имиња како Панта Џамбазовски, Емилија Лазаровска, Томислав Османли, Виолета Зајкова, Соња Николовска, Јулијана Лефковска Пешевска и други вработени во информативната, културната и во забавната редакција на телевизијата.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.