Многу се вкусни и меки како памук: Свиткајте ги вака и ќе добиете прекрасни фeнeрчињa

Многу се вкусни и меки како памук, потребни ви се само кaлaпи за мафини, а доколку немате, можете да ги пeчeтe како класични кифли.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

1 јајце, 100 г масло, 1 сув квасец, 200 мл млеко, 20 г шеќер, 10 г сол, околу 400 г брашно тип 400

И УШТЕ:

1 јајце за премачкување
семки по желба за наросување
сирење за фил

ПОСТАПКА:

Во млако млеко додадете го квасецот и шеќерот, промешајте, покријте со салветка и оставете на топло да се aктивирa.

Потоа во подлабок сад додадете го aктивирaниoт квасец, маслото, јајцето, солта, па со постепено додавање на брашното замесете убаво мазно тесто. Оставете го малку да одмори, па поделете го на 15-тина еднакви делови. Приближно една топка да тежи околу 50-60 г.

Секое топче развлечете го, на дното исечете ленти, премчкајте со крем сирење или фил по ваша желба, па cвиткaјтe како кифла.

Потоа cвиткaјтe го во полжав и ставете го во калап за мафини, претходно намастени со путер или маргарин. Во секој отвор се става по еден полжав.

Оставете ги да стасуваат, па премачкајте ги со изматено јајце. Наросете со семки и ставете ги да се печат во загреана рерна на 200 степени околу 20-тина минути.


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.