Младата пијанистка Анастасија Петреска од Прилеп се закити со специјална награда од Државниот натпревар

На 57-от државен натпревар за пијано за ученици во основно училиште Анастасија Петреска освои прво место со освоени 100 бодови или т.н. специјална награда во прва Б категорија како претставник на ОМУ „Ордан Михајлоски Оцка“ од класата на професорката Христина Никоска Тасеска.

Ова и’ е втора специјална награда на Анастасија, а првата ја освои во 2016 година – Специјалана Прва награда за камерна музика дуо пеење и пијано – Прва категорија на ДРЖАВЕН НАТПРЕВАР НА МЛАДИ МУЗИЧАРИ во Скопје.

Анастасија Петреска е родена на 30.07.2006 година во Прилеп, Р.Македонија. Ученик е во Основно Општинско Музичко Училиште “Ордан Михајлоски – Оцкa” во Прилеп, седма година во класата на проф. Христина Никоска Тасеска.
Има земено учество на голем број државни и меѓународни натпревари по пијано и камерна музика и ги има освоено следните награди:

– 2018 година- Прва награда за пијано – трета категорија на ПЕТТИ ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН НАТПРЕВАР ЗА ПИЈАНО СМЕДЕРЕВО, Србија;
– Прва награда за пијано – трета категорија на ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН НАТПРЕВАР, Смедеревска Паланка;
– Прва награда за пијано – трета категорија на ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН НАТПРЕВАР, Гевгелија.


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.