Мицкocки: Пет години ги тpeтиpaaт земjoделците како poбови од чиja мака печалат додека тие jaдат со златни виљyшки

Како што е лошо во енергетиката, уште полошо е во земјоделието. Сте виделе ли среќен или задоволен земјоделец изминативе 52 месеци, петта година по ред. А, ветуваа и не остварија повисоки субвенции, поголеми откупни цени. Зоран Заев и Љупче Николовски ги третираат земјоделците како робови, од чија мака печалат. И мислат дека ако дојдат тука пред избори и повторно ги ветуваат истите работи кои не ги исполниле, дека така ќе ги измамат повторно напатените луѓе, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на вечерашниот митинг во Пробиштип.

И додека земјоделците живеат во страв за својата и егзистенцијата на своите најмили, додаде Мицкоски, власта ужива во луксузот.

„Додека народот нема на трпезите, Заеви јадат со златни виљушки како што гледавме од фотографиите во јавноста. Додека земјоделците немаат пари за бензин за старите трактори и земјоделска механизација, Заев вози мотори неколку десетица илјади евра скапи и на митинзи доаѓа со ново патничко возило BMW вредно повеќе од стотина илјади евра, во Ресен велат еднакво е на 3 милиони килограми јаболки, бидејќи еден килограм се продава за 2 денари”, вели Мицкоски.

Тој укажа дека со ваквото однесување Заев им се смее во лице на граѓаните додека мака мачат како да го преживеат месецот.

„Но, тоа може да го корегирате на 17 октомври, масовно да излезете рано наутро и да гласате за број 7, за кандидатот Маријан Миленковски, за советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, а потоа нова влада и одговороност во првите 100 дена за криминалот, предавствата и за се што правеа изминативе 52 месеци”, рече Мицкоски.

Мицкоски вели „немаат ниту план, ниту програма”.

„Направиле флаери каде ги нудат истите ветувања пред 4 години и мислат дека народот пак ќе го прелажат. Анкетите и бројките покажуваа дека СДСМ ќе ги загуби овие избори. Тоа го знае и Заев, и тие малкумина околу него. Единственото нешто што им преостана е поткупот. Поткупот кој го прават со црни пари, крадени пари од народот, но и од државните пари со кои треба да располагаме сите ние. Пред некој ден објавивме видео снимка каде носат црни вреќи во Битола, вадат од брендираниот автомобил каде пишува најдоброто за вашата општина и го делат на граѓаните и тоа мислат ќе купи милост. Тоа се крадените пари на Заев”, рече Мицкоски.

СОЗДАДИ НОВА ИДНИНА!

ПРОМЕНИ. ПРОЕКТИ. ПОБЕДИ






Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.