Мицкоски: СДСМ имаат за цел во матното што повеќе да ги наполнат џебовите и да го злоупотребат трудот на лекарите во функции за својот пи-ар

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски обвинува дека власта наместо да се справува со пандемијата, ја користи ситуацијата во која што се наоѓа земјата се со цел полнење на сопствените џебови во оваа матна ситуација, како и создавање на сопствен пи-ар злоупотребувајќи ја довербата на медицинскиот персонал, полициските службеници и на армијата.

-Денеска прочитав изјава каде што СДСМ вели дека тие се бореле со пандемијата, а ВМРО-ДПМНЕ правело паника, па еве им ја користам оваа прилика да им одговорам на нивната небулозна изјава. Она за кое што најмногу се борат функционерите на СДСМ е што повеќе да ги наполнат џебовите во оваа матна ситуација и втората работа е да ја злоупотребат практично искреноста на граѓаните, довербата во докторите, во полицијата, во Армијата за да создадат личен ПИ-АР дека еве они се тие кои што всушност се борат заедно со тие лица, а всушност ништо не направија, вели Мицкоски во гостување на Македонската радио телевизија.

Според Мицкоски единствен кој што покажал грижа и целосна посветеност за спречување на ескалацијата со пандемијата е министерот за внатрешни работи Наќе Чулев кој што вршел контроли и посети на граничните премини, контрола на полицискиот час, како и контрола во општина Дебар која што беше жариште на пандемијата.

-Единствен кој што се бори против сето ова е министерот од ВМРО-ДПМНЕ Наќе Чулев кој што ќе го видите и во Дебар, и на граничниот премин Табановце, ќе го видите и на Блаце, ќе го видите и на контролните пунктови за проверка дали се почитува ограничувањето на движењето на граѓаните, а дали го видовте министерот Филипче да појде во болниците во Дебар на инфективна клиника? Единствено нешто што ја видовме Радмила Шекеринска кога отиде во Пепелиште кај онаа група од 200 луѓе треба да бидат таму, па им исчезнаа 191 и останаа само 9мина и со помош на социјалните мрежи видовме каде се сместени, истакна Мицкоски.


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.