Мицкоски пред германските гости истакна: “За нас е недозволиво историјата, јазикот и идентитетот да останат заложник на бугарските негаторски интереси”

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска одржа средба со Високиот претставник на германскиот Бундестаг за Западен Балкан, Мануел Сарацин.

-Ги истакнав позициите на ВМРО-ДПМНЕ за неприфатливоста на овој предлог кој владата очигледно веќе го прифатила. За нас е недозволиво историјата, јазикот и идентитетот да останат заложник на бугарските негаторски интереси. Преговорите за вклучување на Македонија во ЕУ треба да бидат врз основа на Копенхагенските критериуми, и не смее да се дозволи билатерални прашања да го оптоваруваат пристапувањето, истакна Мицкоски.

На средбата се дискутираше за актуелните политички состојби во Македонија во врска со пристапувањето кон Европската Унија.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.