Мицкоски откри: Државата не плати ниту ДЕНАР за сите настани, вклучително и за концертот на Дејвид Гета

Премиерот Христијан Мицкоски денеска откри колку пари од државниот буџет биле потрошени за целокупната едномесечна програма за одбележување на 35 годишнината од независноста на Македонија.

Од настапот на Стив Аоки, преку разни музички програми и настапи во повеќе градови низ земјава, до последниот концертот, на Дејвид Гета во Скопје, Македонија одбележа 35 години независност, а граѓаните за тоа платија нула денари.

-Имам лоша вест за сите оние кои шпекулираа, клеветеа, лиферуваа лажни информации. Оставив сето она кое претставуваше посебен момент за градовите низ земјава да биде посебен момент за граѓаните во тие градови. Буџетот сите овие настани го чинат нула денари. И граѓаните и буџетот сите овие настани ги чинат 0 денари. Слободно може да проверите на „Отворени финансии“ и ќе видите дека сето ова граѓаните ги чини нула денари. Се е организирано од општествено одговорни компании. Јас жалам што кај поединци Фројд работи, што мислат дека како тие би правеле, така и некој друг прави. Ова е Влада домаќинска, влада промакедонска која се грижи за граѓаните, пронародна и секој денар буџетски средства се троши на транспарентен начин, истакна Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање.

Премиерот додаде дека како држава сме покажале дека знеме, можеме и умееме да направиме светско, а да се случува тука во Македонија.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.