Не знам што да кажам, утре ќе излезе и ќе измисли некоја друга придавка, практично човекот секој ден кажува, и раководството на СДСМ генерално секој ден кажува работи што прво се некултурни, а второ тоа што го соопштуваат во јавноста во текот на денот неколкукратно го менуваат, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско парашање во однос на тоа што претседателот на СДСМ Венко Филипче ВМРО-ДПМНЕ ја нарече бугарофилска партија.
– Претпоставувам до вечер ќе имаме некаква друго-филска партија. Да, ние сме промакедонска партија и тоа е она кое што нас не интересира, а тоа што тие целосно како партија го изгубија својот идентитет и начин на делување, тоа е нивен проблем и мислам со тој проблем многу скоро на избори ќе се соочат, рече премиерот Мицкоски.
























