Министерот за одбрана на ниво на задачата: Борко Ристовски со 20 одбрани ги запре “самураите”

Maкедонија успешно го помина првиот тест на Светското првенство во ракомет, кое се одржува во Германија и Данска.

Со резултат 29:38, Македонија ја совлада Јапонија за висока победа од 9 гола разлика.

Најголем учинок во оваа победа имаа 20-те одбрани на “министерот за одбрана”, Борко Ристовски, кој беше брилијантен на нашиот гол.

Брзата игра на Јапонците им создаваше огромни маки на играчите од нашата одбрана, па поради тоа и големиот број примени погодоци.

Сепак, искуството на Ристовски по којзнае кој пат беше пресудно за црвено-жолтите.

Со ваков Борко и со прецизни Лазаров, Манасков, Кузманоски, Талески и Стоилов, Македонија може многу повеќе.

Следниот противник на нашите репрезентативци е Бахреин, со кого се среќаваме во недела со почеток од 14:00 часот.


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.