Министерката за надворешни работи на Бугарија: Секако дека нема компромис за Гоце Делчев, тој бил Бугарин

Гоце Делчев крена тензии меѓу Македонија и Бугарија.

Бугарската страна е особено погодена од предлогот на експертите од земјава, Делчев заеднички да се чествува на 7 октомври, ден кога во 1946, Бугарија ги предала моштите на Македонија.

Захариева вели дека кога го видела предлогот прашала дали е шега.

– Тоа Гоце Делчев самиот си има кажано што е – Бугарин е. Го напишал десетици пати, вели таа и додава дека целата идеја за македонската нација е создадена на основата на разделување од Бугарија.






Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.