Милошоски од Вашингтон: Македонија нема да добие датум за преговори ниту во декември

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен минсиетр за надворешни работи, Антонио Милошоски, вели дека откако на маргините на конференцијата за трансатланска безбедност, во Вашингтон, разговарал со европски делегати, нема шаанси Македонија во декември нема да добие датум за преговори со ЕУ, ниту , пак, во првата половина на следната година.

„Од разговорот со соговорниците произлегува заклучокот дека и овој декември Македонија нема да добие датум за почеток на преговорите со ЕУ. Истиот неповолен исход се очекува и во периодот јануари-јули 2022 година.

Во меѓувреме Албанија вложува дипломатски напори да се раздвои од пакетот со Македонија за да си ги зголеми шансите самостојно да добие датум за преговори, но се уште е неизвесно дали со оваа опција ќе ги убедат сите членки на ЕУ да донесат едногласна одлука за посакуваниот чекор на официјална Тирана кон Брисел“, напиша Милошоски на фејсбук.






Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.