“Миле и Илија каде се прескапо платените четири автобуси? Ги плативте 1 милион евра и никој ги нема видено” (Видео)

Скандалите и сомнежите за сторени криминали се единственото нешто кое го одбележа ова 3 годишно владеење на СДСМ на централно и локално ниво. Речиси и да немаше јавна набавка која не ја следеа незаконски постапки, а тоа деновиве резултира со кривични пријави на МВР до редица директори и послушници на актуелниот кандидат за пратеник Миле Талевски и градоначалникот Илија Јованоски – истакна на денешната прес конференција портпаролот на ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп, Влатко Петкоски.

Прес конференцијата во целост ја пренесуваме во продолжение:

“Набавката на четирите автобуси за 1 милион евра, или по 250.000 евра за автобус, од самиот старт беше скандалозна и сомнителна за јавноста, особено поради тоа што автобусите беа набавени без меѓународен тендер.

И покрај тоа што јавниот градски превоз во Прилеп повторно започна со работа од 26 мај, никој не ги видел автобусите болиди, секој вреден по 250.000 евра народни пари.

Ги прашуваме надлежните, каде се и во каква состојба се драгоцените автобуси кои во употреба ги пушти Зоран Заев?

Дали е вистина дека еден од прескапо платените автобуси веќе подолго време зарибан се наоѓа на сервис во Скопје?

Со оглед на тоа дека граѓаните беа сведоци дека често се расипуваат, прашуваме колку пари за сервиси досега не’ чинеа овие скапо платени играчки?

Еве барем нека одговорат во каква состојба се двата од четирите автобуси кои се паркирани во Терминалот на Комуналец, а кои според нашите информации се исто така во дефект.

Почитувани,

ВМРО-ДПМНЕ застана и се обврза пред граѓаните дека после 15-ти јули бескомпромисно ќе се постапува кон секој оној кој се огрешил пред законот.

Сите јавни набавки и секое трошење на народните пари каде постои и најмал сомнеж за сторен криминал, ќе се провери и ќе следува одговорност за секого, без разлика на политичката или етничка припадност.

Во Република Македонија еднаш засекогаш мора да профункционира правниот систем и повеќе нема простор за лажните ветувања за реформи во судството и обвинителството.

По се изгледа во Прилеп институциите ќе имаат полни раце работа, а граѓаните ќе дознаат кој и како ги трошел нивните пари.

Следува ОБНОВА НА МАКЕДОНИЈА во сите сфери на општественото живеење. На 15-ти јули заокружете го бројот 14 за ВМРО-ДПМНЕ и помогнете ОБНОВАТА да стане реалност”.


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.