МЕГА ТРАНСФЕР: Горан Пандев го носи Елмас во Интер?

Капитенот на македонската фудбалска селекција, Горан Пандев за италијанските медиуми потврди дека соиграчот од националниот тим Елиф Елмас е на пат кон својот поранешен клуб Интер.

„Зборував со директорот Марота кој сакаше да го информирам за Елиф Елмас, веднаш ги поврзав двете страни, би сакал да го видам Елиф во Интер. Интер е добра опција за Елиф. Особено сега со новиот тренер Антонио Конте кој игра 3-5-2 формации во кои е најдобар Елиф. Но, играчот и неговото семејство требаше да одлучат дали да ја прифатат понудата од Интер“, изјави Пандев.

Се чини ова е најдобра потврда за конкретна понуда на Елиф за кого има голем интерес од сите страни.


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.