МЕГА ПРОЕКТ: Пакет поволности за младите од идната година

Бесплатен градски превоз за студентите и дополнителни поволности за средношколците се дел проектите кои ги најави премиерот Никола Груевски на синоќеното обраќање на свечената академија по повод денешниот државно-црковен празник Свети Климент Охридски.

ukim-685x315-640x294

Од 2016 година бесплатен превоз за студентите

“Првиот проект кој сакам да го објавам денес и кој се однесува на студентите, е проектот бесплатен превоз за студентите. Започнувајќи од 1 јануари 2016 година и со цел грижа за повисок студентски стандард, на сите редовни студенти на државните универзитети ќе им биде овозможен бесплатен превоз во јавниот градски сообраќај, односно во јавниот автобуски превоз во Скопје и во другите градови каде што има организиран јавен автобуски превоз. Сите редовни студенти од државните универзитети ќе можат да користат бесплатен јавен градски превоз секој ден во неделата, на сите линии. Со оваа мерка е предвидено на сите редовни студенти од државните универзитети да им се доделат картички од ЈСП Скопје и другите јавни претпријатија во градовите каде што има јавен автобуски превоз, со цел да можат бесплатно да ја користат услугата на јавните сообраќајни претпријатија. Владата со цел да се имплементира оваа мерка ќе исплаќа трансфери на средства кон соодветните единици на локална самоуправа“ изјави Никола Груевски, премиер на Р.М

Проектот, според Груевски дел од поширока палета од 100 мерки и проекти кои се наменети за младите и за образованието како составен дел од младинскиот живот.

Бесплатна „средношколска среда“.

Вториот проект е наменет за средношколците и исто така започнува со важност од 1 јануари 2016 година. Преку овој проект наречен „Средношколска Среда“ секоја среда на сите средношколци, ќе им се овозможи бесплатен превоз на жичарницата на Водно и со железничкиот сообраќај во Република Македонија, како и бесплатни билети за театрите, музеите и кината во државата.

“Следејќи ја успешната приказна на проектот „слободен четврток” наменет за студентите, преку овој нов проект кој се вика „средношколска среда” ќе се стремиме да ја подигнеме мобилноста, квалитетот на забава и посетеноста на културните институции како театри, музеи и кина кај средношколците. Преку овој проектот секоја среда на сите средношколци, ќе им овозможиме бесплатен превоз на жичницата на Водно и со железничкиот сообраќај во Република Македонија, како и бесплатни билети за театрите, музеите и кината во државата. Верувам дека ќе придонесат за интересот на овие категории и ќе обезбедат дополнителна вредност во тие полиња. Овие два проекта се дел од една поширока палета од 100 мерки и проекти кои се наменети за младите и за образованието како составен дел од младинскиот живот, и кои во идниот период ќе бидат објавувани од страна на нашата политичка гарнитура, проекти и мерки на кои сериозно работевме подолг период, и тоа од страна на стручни лица, но пред се како резултат на добиени идеи од страна на младите лица кои се најмногу засегнати од младинските предизвици и најдобро ги чувствуваат младинските потреби, и како резултат на тоа имаат најдобри решенија за истите“ изјави Груевски.

Станува збор за проекти и мерки на кои сериозно работевме подолг период, и тоа од страна на стручни лица, но пред се како резултат на добиени идеи од страна на младите лица кои се најмногу засегнати од младинските предизвици и најдобро ги чувствуваат младинските потреби, и како резултат на тоа имаат најдобри решенија за нив.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.