Македонците кои сакаат да патуваат во Бугарија ги очекува 14-дневен задолжителен кapaнтин

Министерот за здравство на Бугарија издаде наредба со која се воведува 14-дневен задолжителен кapaнтин за лица кои во државата влегуваат од Македонија.

Со истата наредба се прекинува 14-дневниот кapaнтин за граѓани кои во Бугарија ќе допатуваат од Босна и Херцеговина и од Црна Гора.

И двете промени се предложени од државниот здравствен инспектор по оценката за епидемиолошката состојба и ризикот од ширење на Koвид-19 во Бугарија.


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.