Ракометарите на Вардар и во следната сезона ќе имаат огромна поддршка од трибините во обидот да ја одбранат европската титула, ако се суди по огромниот интерес за сезонските билети за црвено-црните момчиња чија редовна продажба почна денеска и ќе трае до 9 септември.
Уште од самото отворање на билетарницата пред спортскиот центар „Јане Сандански“ се создаде гужва од спортски вљубеници од сите генерации, кои немаа проблем да чекаат дури и до половина час за да дојдат до можноста да купат билет за вардаровите натпревари. Во изминатиот период сопствениците на сезонски билети од минатата сезона имаат приоритетна можност да ги заменат истите и за следниот период, а од денеска во продажба ќе бидат и оние влезници кои не беа „обновени“ односно заменети.
Билетите важат за регуларниот дел од сезоната во ЛШ, за мечевите од СЕХА-лигата и од домашното првенство. Истите може да се купат и онлајн.