Македонец прави растур во Германија: На еден натпревар постигна 63 поени со 13 тројки (ВИДЕО)

Поранешниот кошаркар на АВ Охрид, Дарко Димковски, игра во неверојатна сезона во дресот на германскиот регионален лигаш ТС Швертер од Дортмунд, за што најдобар доказ е неговата фантастична игра на последниот меч против ТуС Велинхофен (110-73) во кој постигна дури 63 поени со – 13 тројки.

Ова беше шеста победа во шестиот меч во новото првенство во Втората регионална лига за тимот на Македонецот, во кои на четири ја минаа границата од сто поени. Тој блесна, откако неговиот тим остана без најдобриот играч, Американецот Ентоан Хосли, а веднаш потоа и тренерот Мануел Боруч, двајцата поради две технички грешки.

Димковски е 28-годишен кошаркар, кој не е многу познат на домашната сцена и кој игра на позицијата бек-шутер. За АВ Охрид настапуваше во првата половина од сезоната 2016/17 по што настапува во Германија и тоа за неколку различни нисколигаши.

Но, без разлика на сето ова, неговиот учинок од 63 поени со 13 тројки е за почит, без разлика на конкуренцијата во кој е остварен.


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.