Маестрално: Наставниците од прилепското музичко училиште со прекрасна честитка за “8-ми Март” (Видео)

Дел од колективот на музичкото училиште “Одран Михајлоски-Оцка” од Прилеп, по повод Меѓународниот ден на жената – “8-ми Март”, направија одлична преработка на песната “Don’t worry be happy” од легендарниот Боб Марли.

“Водејќи се од мислата кон музиката, но истовремено и од новите норми на живеење, прилагодување кон нештата кои се во полза на сите нас, како колектив кој секогаш неуморно и несебично чекорел кон нови предизвици и достигнувања, денес после on line одржаните концерти за патрониот празник и Божиќниот концерт, на своевиден начин по трет пат успеваме да дадеме вистинска вредност и суштина која произлегува од сите нас.

По повод празникот на жената “8-ми Mарт”, дел од нашите млади музичари предводени од својата желба и талент, допираат повторно со својата музика до сите нас.

На самиот крај, тие се поддржани со музиката од своите наставници, кои сакаат да им дадат личен пример и патоказ кон сцената.

Дел од нашите колеги неуморно пристапија кон реализацијата на нашата музичка замисла. Замисла која после овој концерт ќе биде најава за идниот проект од нашиот колектив, а тоа е концерт на кој учениците ќе имаат можност да ги гледаат своите професори на сцената.

Дел од колегите кои не се на ова видео оправдано одсуствуваат. Благодарност до одговорните колеги кои беа задолжени за реализацијата: проф. Игор Николовски, проф. Љупчо Богатиноски и проф. Мартина Пашоска Стојанов, а пак најзаслужен за сето ова вака убаво да изгледа и да ЗВУЧИ е секако проф. Мендо Ташкоски”, велат од ОМУ “Ордан Михајлоски – Оцка” од Прилеп.








Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.