Прилепското небо е просторот каде започнал да се развива параглајдингот во Македонија. Атрактивната локација за полетување кај манастирот Трескавец е местото од каде полетуваат стотици домашни и странски вљубеници во овој екстремен спорт.
Тука велат е волшебно да се лета.
Еден од нив е прилепскиот трофеен параглајдерист Борјан Јованоски, кој редовно ужива во убавините на прилепското небо.
“Денес, летање помеѓу облаците.
Тие магични, а јас пресреќен”, напиша Борјан на Фејсбук.
Фотографиите кои ги објави на својот Фејсбук профил ќе ве маѓепсаат и освојат.
УЖИВАЈТЕ!
А.Г.