Магична ноќ на виното и љубовта во “Пица бар Академи”: Мајсторите остануваат мајстори и број еден во градот (Фото галерија)

Aко некаде во Прилеп знаат да направат прекрасен спој на љубовта, добрата храна и виното, тоа сигурно е во “Пица бар Акдеми”.

Kaко и секоја година и оваа, ноќта посветена на виното и љубовта најсилно пулсираше во “Академи”, а гоститите уживаа во секогаш беспрекорно вкусната храна, неодоливите вина од винаријата “Тиквеш” и во извонредната празнична и топла атмосфера каква што има само во “Пица бар Академи”.

Таму е убаво да се биде гостин сите 365 дена во годината, но синоќа беше навистина магично.

Сопствениците се потрудија и направија декор, што само дополнително направи секој нивни гостин синоќа да се чувствува исполнето, сакано и да ужива во празничниот дух.

Боите на љубовта беа насекаде, персоналот растрчан и љубезен како и секогаш, а кујната работеше со полна пареа и брзина со цел вкусните специјалитети брзо да стигнат на секоја маса.

Штета ќе беше да не се пробаат и вината од специјалниот избор на винаријата “Тиквеш”, кои беа достапни за сечиј џеб, по цена од 500 и 600 денари.

Оние кои пробаа, докрај си ја исполнија ноќта со романтика, а душата со мевлем, додека пак дел од гостите имаа и среќа да добијат и по некоја награда од среќните грепки на “Тиквеш”.

Еве зошто мајсторите се мајстори и зошто кога “Пица бар Академи” е во прашање добриот збор никогаш не престанал да се шири.

Еве зошто се број еден во Прилеп и зошто кај нив секогаш се бара стол и маса повеќе.

Од Академи уште еднаш докажаа дека знаат како да допрат до сите, до оние со срца заљубени, но и до оние кои синоќа празнуваа традиционално со вино и лозова ракија.

Од Академи знаат што значи да се задржи приматот број еден, па како што спомнавме погоре, со сигурност ќе продолжат исто и во наредните 365 дена, до следниот Св. Трифун и Св. Валентајн. Зошто? Затоа што не знаат поинаку!


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.