Луѓето зјапаат во мене, мислат дека имам силикони: Таа сака да ги смали своите огромни гради, а еве зошто не може (ВИДЕО)

Медицинска сестра сака да ги смали градите на трошок на здравственото осигурување, но тие ја одбиваат.

Џена Тод (27) од Шкотска се бори за своето право бесплатно да ги смали градите. Како што тврди младата жена, последните 10 години докторите и препишуваат таблети против болки и и’ велат да ослабе.

Развила дури и булимија, со цел да изгуби килограми. Тод тврди дека отишла на повеќе од 100 прегледи кај различни доктори, но секој пат ја одбивале. Иако е свесна дека многу девојки сакаат природно големи гради, тоа не е исто и кога ги имаш.

“Болката во грбот што секој ден ја чувствувам е неподнослива. Бев мета на невкусни шеги уште од својата 13-та година, поради што чувствувам само страв и несигурност. Исцрпена сум поради се што имам испробано, од вежбање, физиотерапија, диета… И понатаму ме боли”, рекла Џена.

Намалила дури 12 килограми, а големината на градите и останала иста. Тоа ја фрлило во очај. Започнала да оди во теретана, а со оглед на тоа дека нејзиниот татко е бодибилдер, многу и помогнал со вежбањето и зацврстувањето на грбот.

Кога наполнила 18 години, конечно отишла во болница за да ја прегледа пластичен хирург, но прво морала да разговара со психијатар.

“Одби да ме оперира, затоа што после половина час разговор рече дека имам телесна дисморфија”, вели таа.

После тоа Џена развила булимија и ја имала до својата 25 година.

“Никој никогаш не ми помогна во врска со тоа, освен моите пријатели. Во најлошата фаза имав 50 килограми”, додава таа. И понатаму се надева дека ќе добие одобрение за оперирање, нешто што ќе и го олесни животот.