Фудбалската репрезентација на Македонија останува без еден од стандардните првотимци, затоа што Илија Несторовски ќе има операција на коленото.
Напаѓачот го повреди коленото на еден од тренинзите на Удинезе, а по деталните проверки, утврдено било дека лигаментите се потешко повредени, па така напаѓачот ќе мора да се опepиpa.
– Жал ми е, но сум подготвен да станам и да се борам. За жал, оваа повреда нема да ми дозволи да играм на Европското првенство со Македонија, на што бев многу желен. Но, ќе дадам се од себе и ќе го победам овој предизвик и ке се вратам посилен од порано. Сакам да им се заблагодарам на моето фантастично семејство, на соиграчите, пријателите и навивачите кои ми напишаа и ме натераа да се чувствувам сакан повеќе од кога било во ова тешко време. Благодарност и до професорот Маријани и неговиот тим. Патот е тежок, но јас сум подготвен, напиша Иле на ФБ.