Локвенец “удри” по Јованоски и Талески (ВИДЕО)

Наместо да се закануваат со тужби за навреда на честа и угледот преку соопштенија во неколку реченици, градоначалникот Илија Јованоски и претседателот на Совет, Миле Талески, веднаш да излезат пред јавноста и да одговарат на нашите прашања, ова вчера преку изјава за медиумите го истакна Ирена Стерјовска Локвенец од ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

-Кој и што гради во градскиот пазар во Прилеп? Дали постои градежна дозвола и дали се испочитувани сите законски процедури за градба? Што и дали е предвидено да се гради над дуќаните во комплексот “Филип Втори” во градскиот пазар? Дали, било каква градба е предвидена со Деталниот урбанистички план на општината на оваа локација?, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ ОК Прилеп.


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.