Лозано на 16-ти септемвpи дoaѓа во Битола со концepт во “Голд Фелициа”

Популарните, „Не те вадам од памет“, „Јако, јако“, „Километри“ и уште многу други, на 16 септември ќе одекнат на летната сцена во комплексот Голд Фелициа во Битола, каде концерт ќе одржи популарниот македонски пејач Влатко Лозаноски – Лозано.

Лозано е роден е на 27 јуни 1985 година во Кичево. Заедно со Есма Реџепова, ја претставувал Македонија на Евровизија 2013 година во Малме, Шведска. Негов прв јавен настап беше како член на македонското талент шоу Мак Ѕвезди во септември 2007 година. Еден месец подоцна, тој доби гран при награда на првиот Македонски Радиски Фестивал наречен Ѕвездена ноќ.

Неговиот прв албум се појави во 2010 година. Истата година учествуваше на македонскиот избор за песна на Евровизија со песната Летам кон тебе, но го освои четвртото место.

За повеќе информации за концертот на Лозано преку социјалните мрежи на Голд Фелициа на:

Инстаграм: https://www.instagram.com/gold_felicia_/

Фејсбук: https://www.facebook.com/GoldFeliciaBitola

или на телефонот 075 316 974

На концертот ќе бидат спроведени предвидените протоколи донесени од Владата за влез во угостителски објекти, а влезот е закажан за во 21 часот.






Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.